Турција воведе ограничувања за сириските бегалци
Владата во Анкара воведе денеска ограничувања за Сиријците, кои влегуваат во Турција по воздух или море, со цел да го ограничи приливот мигранти од Сирија, јави ДПА.
Турското МНР истакна дека новите правила имаат за цел да го намалат бројот на Сиријците, кои пристигнуваат индиректно од трети земји, како Либан или Египет.
Многу бегалци се обидуваат да влезат во Турција од тие држави, за да продолжат потоа кон ЕУ.
Високиот комесар на ОН за бегалци соопшти дека 800.000 лица го преминале Егејското Море од Турција кон Грција во 2015, од кои поголем дел биле Сиријци.
Сиријците, кои директно влегуваат по копно од Сирија во Турција, се добредојдени како бегалци, изјави портпаролката на турското МНР, истакнувајќи дека земјата ја задржува политиката на „отворени врати“.
Претставници на организации за човекови права и сириски активисти се жалат дека реалноста на терен е сосема различна. Според нив, турските граничари ги враќаат обратно бегалците во Сирија, каде се води граѓанска војна од 2011.
Турција регистрирала околу 2,2 милиони сириски бегалци од почетокот на конфликтот и ги примила во 25 кампови.
Се смета дека над 250.000 лица загинале во сирискиот конфликт, а 11 милиони се прогонети од своите домови или повеќе од половината население.
На крајот на ноември Турција и ЕУ постигнаа договор согласно кој Анкара ќе го запре бегалскиот проток преку Егејското Море.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка