-->
-->
Турција: Уапсени 20 осомничени припадници на ИД
-->
Турската полиција приведе утрово во Адана 20 лица за кои има сомнение дека се членови на Исламската држава.
Припадниците на антитерористичката полиција, потпомогнати од хеликоптери, извеле истовремени рации на 22 адреси во Адана по дојава дека лидерите на ИД планираат напад.
Приведените се однесени на сослушување, јави Танјуг.
Исламската држава ја контролира областа во Сирија долж турската граница, источно од Адана.
Градот Адана се наоѓа во близина на воздухопловната база Инџирлик, каде се стационирани американските сили и која служи за воздушните мисии во борбата против ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024