Турција со хуманитарна помош за Алепо
Турција денеска ќе испрати 30 камиони со храна, детска облека и играчки во сирискиот град Алепо, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по празничната молитва за Курбан бајрам.
Се очекува во Сирија денеска, по зајдисонце, да стапи во сила примирјето, договорено помеѓу САД и Русија, со првичнп времетраење од 48 часа.
Според Ердоган, прекинот на огнот може да биде и продолжено за една седмица, а и за подолг период, ако биде испочитувано. Целта е да се постигне „траен мир", истакна премиерот.
- Денеска по зајдисонце, без оглед дали тоа ќе бидат ОН или пак, нашата „Црвена полумесечина“, ќе испратат храна, играчки и облека за луѓето во Алепо, по претходно утврдени коридори, Нашата „Црвена полумесечина“ работи на тоа - помошта да стигне и до Ал Раи и Џараблус, во содејство со АФАД (турската Дирекција за справување со непогоди и вонредни ситуации), рече Ердоган пред новинарите во Истанбул.
3аменик премиерот Вејси Кајнак пак, посочи дека 33 турски хуманитарни камиони под надзор на ОН ќе пренесат 20 илјади парови детски обувки, облека, храна и играчки.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари