Свет
3. October 2017 - 11:00

Турција се надева дека Ербил ќе се откаже од идејата за создавање независна држава

Турција се надева дека Ербил ќе ја напушти идејата за независна држава во северен Ирак, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во изјава за агенцијата Анадолија.

- Се надевам дека Масуд Барзани (претседател на Ирачки Курдистан) ќе се откаже од овој погрешен чекор. Не е премногу доцна за да го стори тоа, изјави Чавушоглу, додавајќи дека „во спротивно, ќе мора да се преземат мерки“.

Според турскиот министер, референдумот не бил „транспарентен и демократски".

Референдумот за независност на Ирачки Курдистан се одржа на 25 септември. Повеќе од 90 отсто од бирачите гласаа „да" за независност на оваа автономна покраина во Ирак.