Турција сака два милиони бегалци да ги врати во северна Сирија
Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје, за да може Анкара да врати околу два милиони бегалци.
Калин додаде дека Ердоган за тоа ќе разговара во вторник со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.
Сириските сили навлегоа во одредени делови во близина со границата со Турција, во согласност со курдските сили, врз кои Анкара покрена офанзива. Тоа ги наруши плановите на Турција за создавање на „безбедна зона“ јужно од својата граница со Сирија, каде би можела да ги испрати сириските бегалци кои сега живеат во Турција. Таа територија претходно ја напуштија американските војници.
Калин посочи дека бегалците не сакаат да се вратат во делови на Сирија, што се „под контрола на режимот“.
– Ова е една од темите за кои ќе дискутираме со Русите, бидејќи ние нема да ги присилуваме бегалците да одат таму каде не сакаат. Сакаме да им создадеме поволни услови за враќање, услови во кои ќе се чувствуваат безбедно, истакна Калин.
Ново на Сител
-
Блинкен ја осуди заканата на Путин со нуклеарно оружје: Тоа е целосно неодговорно
-
Уставен суд: Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав
-
Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција
-
Навивач нокаутира голман на Охрид
-
Ѓорѓиевски: Средствата од Владата за општините ќе решат децениски проблеми
-
Кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“
-
Почина пешак во сообраќајна несреќа во Демир Хисар
-
Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи - внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат