Свет
16. February 2016 - 8:51

Турција: Русија изврши „воено злосторство“ со нападот врз болница во Сирија

Турција ја обвини Русија дека извршила „очигледно воено злосторство“ вчера, откако две училишта, болница и медицински центар на „Лекари без граници“ во близина на турско-сириската граница беа погодени од ракети, при што загинаа десетици лица, пренесе БТА.

Нападот се случи во момент, кога сириската армија, поддржана од руската авијација, ја засили офанзивата врз бунтовничката тврдина Алепо и локалните жители ја обвинија Русија за нападите.

Анкара предупреди дека поголеми и посериозни последици ќе станат неизбежни ако Русија не ги прекине неодложно слични напади, соопшти доцна синоќа турското МНР.