Турција размислува за преструктуирање и на разузнавачката служба
Турција има цел да ги спречи нејзините вооружени сили повторно да бидат искористени за извршување преврат, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш, откако Владата викендов најави промени во армиската структура.
Новите мерки предивуваат учество на замениците премиери и на министрите за правда, за внатрешни работи, надворешни работи и за одбрана во Високиот воен совет, затворање на повеќе воени училишта, поврзување на военомедицинската академија ГАТА и на други воени болници со Министерството за здравство и преминување на трите рода на војската под капата на Министерството за одбрана.
Куртулмуш, кој говореше на прес-конференција по седница на владиниот Кабинет, изјави дека Турција размуслува и за преструктуирање на разузнавачките служби.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган бара под контрола на шефот на државата, покрај Генералштабот на армијата, да се стави и националната разузнавачка служба МИТ.
Ново на Сител
-
Од вторник дожд, грмотевици и пад на температурите
-
Притвор за шестмина приведени за марихуаната вредна 800.000 евра
-
Лишен од слобода скопјанец кој со „ауди“ превезувал 10 мигранти
-
46 починати и 687 нови случаи на Ковид-19
-
Еден месец притвор за приведените во акцијата во која беа запленети 200 килограми марихуана
-
Шведската полиција со предупредување за предизвик наречен – „допирање“ на ТикТок
-
Жена од Велес нова жртва на коронавирусот
-
Борисов: Бугарија ќе има колективен имунитет во мај