-->
-->
Турција пушта во масовно производство „дронови камикази“
-->
Турција пушти во масовно производство „дронови камикази“, производ на локалната одбранбена индустрија, проектирани да се удрат во цел при што се детонира боева глава.
Ова за турските медиуми го соопштил Исмаил Демир, заменик-началник на Секретаријатот за одбрабена индустрија на Турција.
Се очекува овие дронови да бидат широко употребувани во антитерористички операции. Со нив може да управува само еден војник.
Дроновите имат три модели - Алпагу и Каргу кои спаѓаат во таканаречени дронови камикази, и Тоган наменет за разузнавачки цели.
Првиот дрон од турско производство Бајрактар ТВ2 од септември минатата година игра важна улога во антитерористички операции, потсетуваат турските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари