Турција повика меѓународната заедница да ги зголеми напори за решавање на бегалската криза
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја повика меѓународната заедница да ги зголеми напорите во решавање на бегалската криза, откако илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и побегнат во соседни земји и Европа.
Давутоглу нагласи дека запирањето на злосторствата на сирискиот режим и терористичката организација Исламска држава, како и создавање на безбедна зона за Сиријците во нивната татковина е единствен начин да се спречи нов бран бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан и Либија.
- Меѓународната заедница го виде проблемот со бегалците најпрво како проблем на Сирија, подоцна како криза на Турција или соседните држави, а сега е јасно дека бегалското прашање е глобална криза, криза што не може да се игнорира, што не може да се заборави, изјави Давутоглу во Њујорк, каде учествува на седницата на Генералното собрание на ОН:
Давутоглу моменталното ангажирање на меѓународната заедница во решавање на бегалската криза го оцени како минимално, но изрази надеж дека по Генералното собрание на ОН, таа ќе биде поактивна по тоа прашање.
Од 1,9 милиони Сиријци кои од своите домови побегнаа во Турција, околу 300.000 се наоѓаат во бегалски кампови, додека поголемиот дел од нив се во градовите долж границата.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање