Свет
5. August 2016 - 12:11

Турција побара нов круг преговори за Сирија во Женева

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека треба да се обноват преговорите за иднината на Сирија, повикувајќи на организирање четврти круг од мировните преговори во Женева, информираа британските медиуми.

Чавушоглу во интервју за телевизијата ТГРТ Хабер кажа дека опсадата на Алепо од страна на сириските владини сили навестува нов бегалски бран.