Балкан
24. August 2016 - 9:14

Турција официјално побара од САД испорачување на Ѓулен

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама денеска соопшти дека примила официјално барање од Турција за испорачување на муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен кој е обвинет од Анкара дека е одговорен за неуспешниот обид за пуч на 15 јули.

- Американските власти го разгледуваат барањето, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Ѓулен живее во американската сојузна држава Пенсилванија и негира дека има какви било врски со обидот за пуч.

Тонер, сепак наведе дека барањето за екстрадиција нема врска со обидот за државен удар, но не даде повеќе детали.