Свет
25. November 2015 - 20:14

Турција објави снимка од акцијата на небото пред соборувањето на рускиот авион!

Турција објави видео на кое се слуша оператор на труската авијација како ги предупредува пилотите на рускиот авион на тоа дека се наоѓаат во турски воздушен простор, и им наредува да го променат правецот.

- Ви се обраќаат турските воздушни сили. Се приближувате до турскиот воздушен простор. Веднаш променете го правецот на движење кон југ, рекол операторот на турската авијација.

Од турската војска изјавиле дека на руските пилоти им биле упатени најмалку 10 вакви предупредувања, но дека истите на тоа се оглушиле. Од друга страна руското министерство изјавило дека нивните уреди за следење не регистрирале никакви предупредувања.

Потсетуваме, туркси авиони соборија руски борбен авион под обвинение дека го нарушил турскиот воздушен простор, а Москва демантираше.

- Турција ни заби нож во грб, што ќе има сериозни последици, рекол Путин по инцидентот.