Балкан
17. August 2018 - 22:01

Турција: Напаѓач убил двајца, повредил четири лица и се обидел да се самоубие

Службеник од канцеларијата на локалниот муфтија во градот Терџан во источна Турција денеска пукал  во свои колеги и во таа прилика убил двајца, а повредил четворица, по што се обидел да се самоубие.

Напаѓачот, исто така, е повреден.

Пукањето се случило за време на состанокот на имамот во муфтиската канцеларија.

Властите велат дека напаѓачот, кој има психолошки проблеми, се расправал со колегите пред да отвори оган врз нив. 

Некои од повредените се во тешка состојба.