Балкан
23. May 2016 - 12:51

Турција може да го раскине договорот со ЕУ ако таа продолжи со „двојни стандарди“

Турција може да ги раскине сите договори со Европската унија, вклучително и царинскиот сојуз, доколку Унијата продолжи со „двојни стандарди“ во преговорите со Анкара, изјави Југит Булут, советникот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, за турската телевизија „ТРТ Хабер“. 

Турската телевизија напоменува дека постигнатот договор меѓу Брисел и Анкара за запирање на миграцискиот тек кон Европа, трпи тешкотии поради несогласувањата за антитерористичките закони на Турција, за кои Брисел бара реформи. 

Булут додаде, дека економскиот пристап на Владата ќе се задржи, независно од тоа кој ќе застане на чело на тимот за економско управување со новата Влада. 

Новиот економски модел на Турција ќе биде заснован на производството, а одбранбената индустрија ќе биде јадрото, потенцира Булут.