Турција ќе побара екстрадиција на 45 ѓуленисти од 22 држави
Турција најави дека ќе побара од 22 држави да извршат естрадиција на 45 лица кои се осомничени за поврзаност со државниот удар во 2016 година, јави агенцијата Анадолија.
Меѓу државите се и САД, каде живее исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Турција го обвинува дека е главен организатор на обидот за пуч и за кого веќе се поднесени седум барања за екстрадиција.
Барања за екстрадиција, меѓу останатите, ќе им бидат испратени и на Германија, Велика Британија, Малта, Израел, Норвешка, Египет и Албанија.
Во обидот за државен удар, извршен на 15 јули 2016 година, беа убиени околу 250 лица, а неколку илјади беа ранети. Масовни протести на граѓаните го спречија обидот на побунетите армиски единици да преземат контрола врз владините институции, државните медиуми и клучните инфраструктурни објекти.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот