-->
Турција ќе обнови и изгради 80 џамии во Сирија
Шефот на турската Дирекција за религиозни прашања Мехмет Гормез денеска изјави, дека Турција ќе реновира и изгради 80 џамии во голем број градови во Сирија, меѓу кои и Азаз, Џараблус и Идлиб.
Тој посочи дека над 400 верски дејци од Сирија се назначени да работат во Дирекцијата за религиозни прашања.
- Го правиме ова за да го поддржиме сирискиот народ, нагласи Гормез.
- За време на конфликтот во Сирија загинаа стотици илјади граѓани, милиони останаа без покрив над главата, многумина беа принудени да избегаат од земјата, наведе Гормез, потсетувајќи дека во Турција во моментов живеат околу три милиони сириски бегалци.
-->
-->
Ново на Сител
-
Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет
-
Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик
-
Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач
-
Туск на балканска турнеја, во Скопје доаѓа на 27 април
-
„Твитер“ забрани реклами на „Касперски“
-
Италијански мафијаши и поранешни функционери осудени на повеќегодишни затворски казни
-
На годишнината од смртта објавена ексклузивна снимка: Принс испиен, исцрпен и ослабен дента пред смртта
-
Тевдовски: Договараме проекти со СБ за поддршка и развој на македонската економија