Турција ќе ги враќа обратно имигрантите, кои пристигнале незаконски во Бугарија од нејзина територија
Турција ги презема задолженијата да ги прифаќа обратно имигрантите, кои пристигнале незаконски од нејзина територија во Бугарија, Романија и Грција. Тоа се посочува во план за дејствие, предложен од Анкара на институциите на ЕУ при посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Брисел.
Турција прифаќа да ја зголеми соработката со бугарските и грчките власти за спречување незаконско преминување на границите. За таа цел ќе биде применет трилатерален договор за заемно дејствие.
Турската страна ќе ги зајакне граничните сили, ќе ја затегне визната политика кон граѓаните на држави, извор на мигранти, ќе ја подобри борбата против трговците со луѓе, ќе ги регистрира сите имигранти.
Анкара го презема задолжението да обезбеди засолниште, работа и образование на оние имигранти, кои добиле времен бегалски статус. За таа цел ЕУ ќе ја помага работата на шест прифатни центри на турска територија.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк