Турција ја предупреди Википедија поради содржината
Турција ја предупреди онлајн енциклопедијата Википедија, што е блокирана во земјата од пред две недели, за содржината што „развива перцепцијата дека Турција ги поддржува терористичките организации“, изјави денеска турскиот министер за сообраќај Ахмет Арслан.
Тој, обраќајки се на телевизијата „НТВ“, побара од Википедија да отвори свое претставништво во Турција и да ги исполни условите за плаќање данок.
Турската организација што е надлежна за следење на Интернет соопшти пред две недели дека се блокирани сите пристапи до Википедија во земјата, а како причина го наведе законот, со кој се овозможува забрана на сајтовите за кои се оценува дека претставуваат закана за националната безбедност.
Турскиот суд потоа го отфрли барањето на онлајн енциклопедијата да го одблокира пристапот до тој сајт, јави Анадолија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи