Турција ја блокира посетата на германскиот заменик-министер за одбрана на Инџирлик
Турција ги блокира плановите на заменик-министерот за одбрана на Германија, Ралф Браукзипе да ја посети воздухопловната база Инџирлик во јули, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Германија има околу 250 војници стационирани во Инџирлик, како и шест авиони „Торнадо“ и едно летало за надополнување на гориво, кои учествуваат во воздушната кампања предводена од САД против Исламска држава во Ирак и во Сирија.
- Турските претставници во моментот не ги одобруваат плановите за посетата, истакна портпаролот на германското МО.
Браукзипе со уште неколку германски пратеници планираше да ја посети базата Инџирлик во јули.
Турските власти одбија да ги коментираат наводите.
Односите меѓу Германија и Турција се заострија откако Бундестагот усвои резолуција со која турскиот масакр над Ерменците во 1915 е прогласен за геноцид.
Ново на Сител
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ