Балкан
22. јуни 2017 - 12:06

Турција испрати војска и опрема во Северна Сирија

Турција испрати нови воени единици како и воена опрема во северниот дел на Сирија, јави Сириската опсерваторија за човекови права.

Невладината организација со седиште во Лондон наведува дека војниците ја преминале границата во последните 24 часа и се упатиле кон регионите јужно од Азаз, кои се под контрола на сириските курдски милиции Сили за заштита на народот, против кои Турција се бори во северниот дел на Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека војската и опремата е испратена во рамките за подготовки на заеднички напади на Турција и нејзините сојузници врз Силите за заштита на народот.

Според Турција Силите за заштита на народот се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која според Анкара е терористичка организација.