Свет
11. January 2016 - 18:36

Турција им забрани влез во земјата на над 35.000 членови на Исламска држава

Турција им наметна забрана за влегување во земјата на над 35 илјади осомничени членови на групата Исламска држава (ИД), кои потекнуваат од повеќе од 120 земји, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, цитиран од агенцијата Анадолија.

- Им наметнавме забрана за влез во Турција на вкупно 35. 690 лица од 124 земји, рече Ала.

„Досега фативме и депортиравме 2.896 лица од 92 земји“, додаде тој. 
„Тоа успеавме да го направиме како резултат на размената на разузнавачки податоци со другите земји. Кога се среќаваме со министрите за внатрешни и за надворшни работи на овие земји, меѓутоа, им кажуваме дека имаме речиси три милиони гости (мигранти) и дека очекуваме тие да направат се што е неопходно од нивна страна, додаде Ала.