Свет
3. јуни 2017 - 20:59

Турција и Русија преговараат за заедничко производство на воен авион

Турција и Русија преговараат за заедничко производство на воен авион од петтата генерација, изјави генералниот директор на руската државна корпорација за одбранбена индустрија „Ростех“, Сергеј Чемезов за турската агенција Анадолија.

- Заедно можеме да направиме нешто ново и модерно, нагласи Чемезов.

Според него, Русија е заинтересирана за ваков заеднички проект, имајќи предвид дека Турција ја има неопходната инфрастуктура за производство на авиони.

Чемезов истакна дека министерствата за финансии на двете земји преговараат за начините на финансирање на заедничкото производство на авион, но и за реализација и на други проекти од одбранбената индустрија.