Свет
26. August 2017 - 17:13

Турција и Русија постигнаа договор за купопродажба на ракетните системи Ц-400

Турција и Русија постигнаа договор за купување на ракетни системи С-400, а конечната одлука ќе биде донесена од Извршниот комитет на турската одбрана индустрија, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим по враќањето од  Виетнам.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон крајот на јули информираше дека Русија и Турција постигнале напредок во плановите за купување  на ракетни системи С-400 од Русија.

Договорот за испорака на противоздушни ракетни системи С-400 за Турција е во својата финална фаза, но се уште не потпишан и не е влезена во сила, изјави шефот на рускиот извозник „Рособоронекспорт“ претходно оваа недела.