Loading Video...
Спорт плус
13. September 2019 - 19:17

Турција и го нанесе вториот пораз на Македонија на ЕП

Македонските одбојкари го претрпеа и вториот пораз во своето деби на Европскиот шампионат 
 
Откако вчера во премиерниот меч на првенството нашите одбојкари по голема борба загубија до Финска со 3:1, денеска во дуелот од 2.коло на „Љубљанската група Ц“ Македонија загуби од Турција со максимални 3:0
 
На самиот почеток на мечот Турците ја наметнаа својата игра, па речиси во ниту еден момент не дозволија да бидат загрозени, а сето го добија со 25-22. 
 
Во вториот сет, далеку подобра игра на жолто-црвените кои имаа и водство се до 19:19. Но, во продолжението противникот ни дозволи да освоиме само четири поени,  па и тој сет им  припадна на Турците сега со 25-23. 
 
Нашата играта комплетно се распадна во третиот сет кога по водството од 3-1, противникот со нова серија од 6-0 направи недостижна предност која до крајот само се зголемуваше, па сетот заврши со резултат 25-13 за конечни 3:0 за Турција. 
 
Утре од 17:30 часот македонските одбојкари ќе играат против актуелниот европски првак Русија,с елекција која вечерва до 20:30 го игра мечот против Белорусија.