Турција гради ѕид долж границата со Сирија и Ирак
Турција донесе одлука за изградба на бетонски ѕид на делови од својата граница кон Сирија и Ирак во вкупна должина од 330 километри, соопшти Генералштабот на турските Вооружени сили.
Како што јави агенцијата Анадолија, покрај бетонскиот ѕид, чија цел е зголемување на безбедност во турските погранични региони, на делови од јужната граница со Сирија и Ирак, Турција ќе подигне и жичена ограда во вкупна должина од 191 километар.
Во текот на мината година турските безбедносни сили спречиле над 57.000 обиди за илегален премин на границата кон Сирија и Ирак, при што биле приведени над 424.000 лица.
На 24 август минатата година турската армија во северна Сирија ја започна операцијата „Еуфратски штит“, чија цел е потиснување на борците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од реоните долж нејзината граница.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани