Свет
26. November 2015 - 9:52

Турција го предупредила рускиот авион - Говори турската авијација, променете го курсот...

Турција објави аудио снимка на која се слуша предупредувањето на војската упатени до рускиот аивон.

„Говори турската авијација. Се приближувате кон воздушниот простор на Турција. Променете го курсот моментално“.

Турската војска издала соопштение во кое се наведува дека рускиот авион Сухој е предупреден 10 пати, на секои 30 секунди, пред турскиот борбен авион F-16 да го собори. Воениот врв на САД го поддржа тврдењето на Турција.