Турција го предупреди Киргистан дека постои опасност Ѓулен да се обиде да изврши пуч
Турција го предупреди Киргистан дека постои опасност од државен удар кој би можеле да го организираат приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, нагласувајќи дека тие се инфилтрирани во сите државни институции во оваа земја.
- Во Киргистан, на пример, би можело да дојде до обид за пуч. Ако тоа се случи ќе биде извршен од ФЕТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, мислејќи на групата која Анкара ја нарекува „Терористичка организација на Фетулах“.
Ѓулен ги демантира тврдењата за постоење на таква група.
- Ѓуленистите се инфилтрирани во сите институции. Киргистан е наша братска нација. Потребно е веднаш да ги споделиме нашите разузнавачки податоци со нив, истакна Чавушоглу.
Турција го обвинува Ѓулен, кој живее во САД, дека е одговорен за обидот за пуч на 15 јули, но и дека го зајакнува своето влијание преку огромната мрежа приватни училишта не само Турција туку и во Африка и Централна Азија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари