Турција го повика холандскиот вршител на должност откако Хаг призна ерменски геноцид
Анкара денеска го повика на на разговор холандскиот вршител на должност во Турција и ја изрази својата „осуда“ вчерашната одлука на Парламентот на Холандија, кој усвои Резолуција со која го признава „ерменскиот геноцид“ во Османлиската Империја.
Турските власти пред холандскиот дипломат изразиле негодување и осуда на вчерашното гласање, изјави одговорен претставник на турското Министерстви за надворешни работи.
Долниот дом на холадскиот Парламент со 142 гласа „за“ и три „против“ го усвои документот во кој масовните убиства на Ерменците во Османлиската Империја за време на Првата светска војна се оквалификуваат како геноцид.
Освен тоа, Парламентот одлучи да испрати претставник на Холандија во Ереван на 24 април, кога ќе се одржи комеморација за жртвите масовните убиства на Ерменците во 1915 година.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја критикуваше изгласаната Резолуција во холандскиот Парламент и ја оквалификува како „популистичка“, која „не е обврзувачка на кој било начин" и која „ги одразува расизмот, анти-турските чувства и исламофобијата што растат во Европа".
Тој додаде дека одлуката „е многу лоша" и се заснова на „недоволни информации".
Турскиот министер за европски прашања Јомер Челик, пред изгласувањетом ја опиша предлог-резолуцијата како „лишена од правна сила" и потенцираше дека е важно тоа што холандската влада се дистанцирала од предлогот. .
Анкара ја потсети Холандија на масакрот на над 8.000 босански муслимански - мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, што е признато за геноцид со голем број на одлуки на меѓународната правда. Енклавата Сребреница беше под заштита на холандските сини шлемови и Хаг беше прогласен за делумно виновен за смртта на 350 босански муслимани.
Од друга страна, Ерменија, очекувано ја поздрави одлуката на холандскиот парламент.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено