Свет
1. April 2020 - 19:14

Турција го обнови увезот на американски течен природен гас

Турција суштествено го зголемила увозот на течен природен гас (ТПГ) од САД, се дознава од најновиот извештај на Министерството за енергетика на САД.

Во јануари, Турција од САД откупила 924 милиони кубни метри, иако пред тоа откупувала спорадично и во многу помали количини.

Се соопштува и дека Турција во јануари била на второ место по закуп на течен природен гас од САД. Најкрупен увозник на овој американски енергенс во јануари била Јужна Кореја, Турција била на второ место, додека Јапонија на трето.

Во периодот фебруари 2016 година – јанари 2020 година, најголеми увозници на американски ТПГ биле Јужна Кореја, Мексико и Јапонија.

Од соседните земји, американски ТПГ увезуваат само Турција и Грција. Од фебруари 2016 година до јанари 2020 година Турција увезла вкупно 3.4 милјарди кубни метри (11. место), додека Грција – 838 милиони кубни метри (24. место).