Турција ги отфрла критиките на ОН за Кипар
– Турција во петокот ја отфрли осудата на Советот за безбедност на ОН за турската поддршка за поделба на Кипар и нејзините планови за повторно отворање на одморалиштето Вароша на Кипар.
„Ние ја отфрламе декларацијата на Советот за безбедност на ОН во врска со планот за повторно отворање на одморалиштето Вароша, како и изјавите на разни земји засновани на неоправдани барања кои не се во согласност со реалноста на островот“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи и се додава дека со децениски напори не успеале да го постигнат федералниот статус на островот Кипар поради „непопустливиот став на кипарско-грчката администрација“.
Советот за безбедност на ОН во петокот едногласно усвои декларација за решавање на кипарскиот конфликт „заснована на федерација на две еднакви политички заедници и зони“, осудувајќи ги „едностраните активности на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган спротивни на резолуциите на Советот“. Членовите на Советот „ја осудуваат најавата на турскиот претседател и лидерите на кипарските Турци од 20 јули 2021 година за повторно отворање на дел од затворената зона Вароша“. Советот бара оваа мерка за отворање да биде веднаш повлечена, како и „сите промени направени во Вароша од октомври 2020 година“.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година