-->
-->
Турција ги обвини Курдите дека ослободиле над 800 терористи
-->
Турција ги обвини курдските единици за ослободување на повеќе од 800 милитанти од терористичката Исламска држава во Сирија.
– Турција е единствен партнер на НАТО и меѓународната коалиција во борбата против Исламската држава и неутрализираше повеќе од 4.000 припадници на таа терористичка организација во Ирак и Сирија. Од друга страна, Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот ослободија повеќе од 800 затвореници само во Тел Абиџад – се наведува во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.
Од почетокот на воената операција во североисточна Сирија, Анкара ги обвинува курдските сили за ослободување на милитантите од локалните затвори.
Курдите велат дека екстремистите успеваат да избегаат за време на нападите на турската армија, поради тоа што тогаш има гранатирање и оштетување на затворските објекти.
Според неодамнешните проценки, околу 11.000 милитанти се приведени во областа, вклучително и околу 9,000 Сиријци и Ирачани, како и 2.000 лица од околу 50 други земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот