Македонија
28. February 2020 - 18:10

Турција ги крева границите за мигрантите, балканските држави стравуваат од нов бран бегалци

Стотици мигранти  преку Турција  се движат  кон Бугарија и Грција. Анкара порача дека нема веке да ги запира оние кои од Сирија бегаат кон Европа.  Борисов и Мицотакис  веднаш воведоа  вонредни мерки на границите. Во Македонија  будно се следи ситуацијата, информираат од МВР.

Двете наши граници јужната и северната будно ги следат припадниците на граничната полиција во соработка со припадниците на нашата Армија и полиции на други држави поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Р.Турција и можната опасност од нов бран бегалци од Сирија.

Ердоган одлучи да ја ја крене рампата за мигрантите ,откако триесетина турски војници беа убиени од силите на Дамаск  во  сирискиот регион Идлиб .ЕУ ситуацијата ја оцени како драматична, а НАТО  на барање на Турција свика вонредна седница  на која ги повика Русија и Сирија веднаш да ја запрат офанзивата врз Идлиб .

Одоговорот на  Москва е дека нивните авиони не учествувале во нападот. Од руското министерство за одбрана посочуваат дека турските војници за време на  на нападот на сириските воздушни  сили се наогале на терен заедно со терористите и веројатно затоа загинале.