Балкан
30. October 2015 - 18:58

Турција е земја која примила најголем број мигранти

Турција годинава го надмина Пакистан по примениот број на бегалци, згрижувајќи 2,2 милиони Сиријци и 200.000 Ирачани.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија бегалската криза Турција ја чинеше повеќе од осум милијарди долари.

Околу 260.000 луѓе се сместени во бегалски кампови, а другите се оставени сами на себе во градовите низ цела земја.

Иако во Турција в недела се одржуваат парламентарни избори, бегалската криза не беше тема на дебатите.