Балкан
18. January 2016 - 10:14

Турција: Две лица загинаа во експлозија на граната, истрелана од Сирија

Две лица загинаа и и најмалку двајца се повредени кога во училишен двор во тирскиот град Килис падна граната, истрелана од Сирија, пренесува БТА.

Гранатата паднала во дворот на училиштето „Ејуп Гикче“, за време на наставата. на местото на настанот се пристигнати голем број амбулантни возила.

РТС јавува дека повеќе лица се повредени и во експлозија во медицинскиот центар, кој се наоѓа веднаш до училиштето.