Турција бара три милијарди евра од ЕУ за справување со бегалците
Во рамки на преговорите за решавање на бегалската криза во Евроа, Турција побара три милијарди евра помош од Европската унија за справување со проблемот со бегалците, јави ДПА повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, кои побарале анонимност.
Според истите извори, Турција нагласила дека е подготвена да соработува со ЕУ за справување со бегалската криза, но покрај финанансиската помош, побарала и отстапки во визниот режим и добивање на статус на „сигурна земја“.
Анкара бара забрзување на прегооврите за олеснување на визниот режим за патување на турските граѓани во ЕУ, како и да биде вклучена на листата на „сигурни земји“, со што ќе се ограничат можносите на турските граѓани за добивање азил во земјите на Унијата.
Претходно денеска, турскиот премиер Ахмет Давутоглу во интервју за приватната телевизија ТГР ТВ, соопшти дека Турција и предложила на Европската унија да потпишат договор за визна либерализација во првата половина од 2016 година, наместо во 2017 година, како што првично беше планирано.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште