Спорт плус
11. July 2017 - 18:58

Тур де Франс: 10-тата етапа за Кител

Германецот Марсел Кител успеа да триумфира по 4. Ти пат на годинешново издание на велосипедската трка Тур де Франс на која се возеше 10-тата етапа од Периго до Бержерак. 
Во драматичен финиш Кител беше за глава побрз од групата велосипедисти која го следеше.  Британецот Крис Фрум води во генералниот пласман со 18 секунди предност пред Италијанецот Фабио Ару, додека Кител е носител на зелената маичка.