Свет
17. November 2015 - 11:49

Туниските власти спречиле голем напад, планиран за овој месец

Туниските власти уапсија група од 17 исламистички борци, со што е спречен голем напад врз хотели и припадници на безбедносните сили планиран за овој месец, соопшти висок претставник на Владата во Тунис.

- Спречивме голем напад овој месец, кој го подготвувала терористичката група врз важни објекти, хотели, згради на безбедносните служби, како и врз политичари, со цел да се создаде хаос во земјата, истакна началникот за безбедност во Министерството за внатрешни работи, Рафик Шели.

Тој нагласи дека борците биле обучени во Либија и Сирија и чекале наредба да го извршат нападот.

Групата Исламска држава презеде одговорност за двата напада извршени во Тунис оваа година.