Фудбал
14. September 2020 - 9:06

Тухел и покрај поразот, задоволен од играта на ПСЖ на мечот со Марсеј

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, по поразот од Марсеј синоќа во третото коло од францускиот шампионат, призна дека е задоволен од играта на тимот. Сепак, специјалистот е разочаран од резултатот.

– Нашата игра беше исклучителна, имавме одлична игра. Сепак, не ми се допаѓа резултатот, немавме среќа, рече меѓу другото Тухел.

ПСЖ го забуи мечот со 0:1, а во самиот финиш судијата додели три црвени каартони за домаќините и два за гостинските фудбалери.

Пари Сен-Жермен по два натпревара во новото првенство во Лига 1 е без освоен бод.