Туберкулозата пополека се искоренува во дебарско
Во дебарскиот регион полека се искоренува туберкулозата. На ваков заклучок наведуваат податоците од Антитуберкулозниот диспанзер во Дебар, кој ја покрива и општина Центар Жупа.
– Повеќе години наназад, годишно имаме по три до четри случаи на заболени од туберкулоза. Лани имавме четири случаи кои се соодветно третирани и веќе се излекувани. Во изминатите три месеци од годинава немаме ниту еден случај, изјави за МИА Драган Клопчевски, раководител на диспанзерот, по повод Меѓународниот ден за борба против туберкулозата.
Она што посебно треба да се нагласи, вели Клопчевски, е што во последните десеттина години нема случај на туберкулоза кај деца.
– Состојбата со туберкулозата ја следам веќе 15 години, од кога сум раководител на АТД при Општата болница во Дебар. Освен што бројот на заболени возрасни лица од оваа болест е сведен на минимум, она што посебно радува е фактот што во последните десеттина години не е регистриран случај на пациент од детска возраст, заболен од туберкулоза, посочува Клопевски.
Врз ваквата состојба, според него, влијае повисокото ниво на хигиена, поквалтетната исхрана, но и многуте предавања што се одржуваат за граѓаните во соработка со дебарската организација на Црвениот крст и Институтот за белодробни заболувања од Скопје.
Ново на Сител
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење