Свет
29. October 2015 - 10:06

Туберкулоза и СИДА водечки причинители за смрт од заразни болести

Бројот на починати од туберкулоза по првпат се приближи кон СИДА-та како водечка причина за смртност од заразни болести, наведува Светската здравствена организација (СЗО), во извештајот објавен вчера.

Во 2014 година од туберкулоза (ТБЦ) во светот починаа 1,1 милион луѓе, а во истиот период ХИВ/СИДА, усмртил 1,2 милиони, меѓу нив 400.000 заразени со ХИВ и ТБЦ, наведува СЗО.

Извештајот покажува дека исклучителен успех во последните десет години е остварен во пристапот на заразени со ХИВ терапија која на многу од нив им помогнала да ја преживеат инфекцијата.

- Во исто време, податоците покажуваат дека со тие два светски убијци не се пристапува подеднакво, вели др. Марио Равиглионе, директор на програмата на ТБЦ во СЗО.

- Добра вест е дека од 2000 година лекувањето спасило живот на 43 милиони заболени од ТБЦ, но со оглед дека многу заболени може успешно да се лекуваат, стапката на смртност „неприфатливо е висока“, вели Равиглионе.

Извештајот е составен на база на податоците од 205 земји и територии за сите аспекти на ТБЦ, вклучувајќи и облици отпорни на лекови.

- За терапија за ХИВ/СИДА се издвојуваат десет пати повеќе пари отколку за ТБЦ, па за ХИВ/СИДА, се потрошени осум милијарди, а за ТБЦ 800.000 долари, вели Равиглионе.

Една од причините е што ХИВ/СИДА ги погодува сиромашните земји на Африка, а ТБЦ преовладува во земји како што се Индија и Кина, кои можат сами да го финансираат домашното здравство.