Македонија
27. March 2018 - 13:04

„Ту челос“ на 6 октомври во ВИП Арена во Скопје

 Дуото „Ту челос“ (2CELLOS) на хрватските челисти Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер на 6 октомври ќе одржи концерт во ВИП Арена во рамки на нивната светска турнеја  насловена „Score",според нивниот последен албум. 
 
Организаторот на концертот, продукцијата „Авалон“, соопшти дека музичарите во Македонија првпат ќе дојдат со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години имале во големи арени низ светот.
 
 
- Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаја нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис - да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција, наведува „Авалон“. Продукцијата наскоро ќе соопшти детали и за влезниците за овој музички настан