Македонија
25. March 2019 - 17:09

Трската долж Охридското Езеро и натаму се пали

Трската долж Охридското Езеро продолжува да се пали. На потегот кај Подмоље и Калишта уништена е огромна површина.Дали намерно или случајно несовесните граѓани ја опожаруваат природата одговор треба да дадат надлежните.

Државниот инспекторат на терен врши мониторинг но засега не соопштува што утврдила инспекцијата. Екологистите велат дека станува пракса која, за жал, се повторува секоја година а нема ни казни ни санкции за потпалувачите.

Граѓанската иницијатива Охрид СОС по молкот на надлежните испратила обемен извештај за овој проблем до УНЕСКО бидејќи како што велат кај нив отсуствува желбата да направат што било за да го заштитат природното наследство на охридскиот регион“.

Експертите велат дека со палењето на трската се доведува до прашање и цврстината на брегот.

Невладини организации предупредуваат дека зад случаите со палење трски можно е да се кријат економски и градежни интереси покрај езерото.