Свет
27. May 2020 - 16:33

Тропската бура Берта се формираше покрај брегот на Јужна Каролина

Тропската бура Берта се формираше на брегот на Јужна Каролина утрово и тоа е втора бура пред официјалниот почеток на годинашната сезона на урагани во Атлантик.

Издадено е предупредување за тропско невреме за брегот на Јужна Каролина и тоа ќе донесе пороен дожд, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Берта ќе донесе ветер со максимална брзина од 75 километри на час, но се очекува да ослабне откако ќе стигне до копното.