Македонија
31. December 2018 - 17:24

Тропска болест која ја шират кучињата однесе еден живот во Штип

65 годишна жена од Штип, почина како резултат на тропската болест лешманија, потврдија од штипскиот центар за јавно здравје. Лешманијата тешко се дијагностицира, зашто инкубацијата трае и до 6 месеци, во зависност од имунитeтот, а симптомите се малаксаност, болка, анемичност, зголемувaње на јетрата и слезинката. Епидемија нема, смирува епидемиолог Сашка Србиновска, но проблем е што има еден починат и тројца заболени, податок кој треба да алармира.

- Сега имаме заразен човек кој е 49’ генерација и две деца. Едното е година дена и едно дете од 6 години. Имаме и случај ова заболување ако не се превенира, ако не се забележи на време и не се лекува, може да биде смртоносно.

Болеста не се лекува со антибиотици. Резервоар за лешманија се кучињата, а ја пренесува sand fly или песочна мушичка, која се храни со крвта на кучињата и ја пренесува на луѓето. Затоа превенцијата се состои во навремена интервенција.

- Мушиките и комарците треба да се прскаат и кучињата скитници да се соберат од улиците-додаде Србиновска

Заболените кучиња можат да се препознаат по тоа што слабеат, ги губат влакната од телото, имаат заматени очи, рани по телото и им растат необично долги нокти. Проблемот со кучињата скитници е заеднички за сите општини, меѓутоа досега не се преземени делотворни мерки.