Македонија
30. September 2018 - 15:53

Тројно зголемена излезeноста во Кичево

Последните четири часа одѕивот на референдумот во Кичево е три пати зголемен, велат од Општинската изборна комисија (ОИК).
 
До 11 часот на 114 избирачки места својот глас го дале 3.072 избирачи или 6,12 проценти, а до 15 часот бројката на излезени гласачи е 10.346 или 20,61 отсто, вели Ариан Имери од ОИК.