Македонија
25. December 2017 - 11:19

Тројно пониско нивото на Сатеска

Нивото на реката Сатеска кај Ботун денеска е речиси тројно пониско од просекот за декември, а двојно намален е и водостојот на Црна Река кај Новаци.

Според УХМР, пониски се и нивоата на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Вардар кај Јегуновце и Скопје.

Повисоки, пак, од декемврискиот просек се нивоата на Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Велес, додека идентична вредност бележи Вардар кај Демир Капија. 

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се на ниво на просекот за декември.