Македонија
21. October 2019 - 17:11

Тројцата обвинети за Рекет не побарале спогодба - ќе се бранат на суд

Обвинетите во „Рекет“, својата невиност ќе ја докажуваат на суд.. Ниту еден од тројцата обвинети не побарал спогодба, велат од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.. Со ова, Екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски ја отфрлиле можноста да добијат пресуда со признание на вина и казната за нив да се одреди во договор со јавниот обвинител..

Во меѓувреме тече рокот во кој обвинетите можат да приговараат на обвинителниот акт.. Одбраната на Јанева, приговорот го поднесува денеска.. Нејзините адвокати велат дека по разгледување на обвинителниот акт, утврдиле неправилности во водењето на истрагата против поранешната специјална обвинителка, па приговорот се однесува токму на тие околности..

Јанева сега ја очекува и одлуката од кривичниот суд откако за укинување на притворот понуди гаранција од три станови.. За ова се очекува мислење  од Вишото обвинителство, па дури потоа судот ќе одлучи каква мерка за обезбедување ќе и одреди на разрешената специјална обвинителка..

Ослободување од притвор поради лоша здравствена состојба бара и Боки 13.. Неговиот татко кој е осомничен во случајот „Меѓународен сојуз“ основан од Јовановски, вели дека ништо не знае за „Рекет“..

По разгледување на приговорите од обвинетите во Рекет, Кривичниот суд ќе го оценува обвинението за предметот.. Тројца судии ќе одлучуваат дали ќе се одобри или одбие обвинителниот акт со кој се опфатени поранешната обвинителка Катица Јанева, Боки 13 и Зоки кичеец..