Македонија
14. јуни 2016 - 17:30

Тројца затруени во познат скопски ресторан - Инспекторите го затворија објектот

Викендот три лица од едно семејство со симптоми на труење од храна завршиле на  Инфективна. По укажаната помош во амбулантата пуштени се дома. На лекарите им посочиле дека јаделе  во скопски ресторан. Бидејќи се работи за врзани случаи дежурните на Клиниката пријавиле во Центарот за јавно здравје, здравствената инспекција и Агенцијата за храна. Во неделата надлежните извршиле надзор и времено го затвориле објектот, информираат за Сител од ДСЗИ.  

Инспекторите  зеле брисеви од работните  површини и од вработените за да се утврди дали изворот на труењето е во ресторанот или семејството претходно консумирало друга храна. До добивањето на резултатите од анализите наложено е угостителскиот објект да не работи. Останати  гости не се пожалиле на мачнина и повраќање. Со вакви симптоми изминатиот период  се повеќе граѓани освен на инфективните одделенија и дежурните болници се јавуваат и на Брза помош.

- Овој период кога температурите с евисоки, храната што се готви веднаш да се консумира, или, пак, да се чува во фрижидер. Задолжително и добро миење на овошјето и зеленчукот и посебно да се внимава со јајцата кои мора добро да бидат сварени. Овој период е најповолен за размножување на овие бактерии и затоа треба добро да се внимава, вели д-р  Љупчо Пајковски од скопска Брза Помош.

Според лекарите јули и август се најкритичните месеци за појава на труење со салмонела.