Свет
21. јуни 2016 - 9:46

Тројца загинати во поплавите во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а други тројца се водат за исчезнати во поплавите и свлечиштата што ја погодија јужна Јапонија, соопштија денеска локалните власти.

Според локалните медиуми, настраданите се мажи на 92, на 79 и на 66 години.

Исчезнатите по кои што спасувачите се уште трагаат, се од јужната покраина Кумамото од каде  2.000 жители се евакуирани.

Поплавите и одроните се последица на двата силни земјотреса, од 6,2 и седум степени по Рихтеровата скала, што се случија пред околу два месеца.