Балкан
18. August 2016 - 8:46

Тројца загинати и над 40 поврдени во експлозија на автомобил бомба пред полициска станица во Турција

Три лица загинаа, а над 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба крај полициска станица во источната турска провинција Ван, на самата  граница со Иран, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи ја изјавата на гувернерот на провинцијата за турската државна телевизија ТРТ.

На местото на експлозијата се гледаат многу возила на брзата помош и полицајци, информира агенцијата Доган.

Станицата се користи и како полициска касарна. Засега не е познато колку полицајци и цивили има меѓу загинатите и ранетите.

Премиерот Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот.

Се  уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили со автомобили бомби, посочуваат британските меидуми.

Југоисточниот дел на Турција, населен главно со  Курди, е зафатен од бран насилство,откако во јули минатата година се распадна спогодбата за прекин на огнот, што беше склучена пред 2,5 години од страна на турските власти и забранетата Курдска работничка партија (ПКК).